Mugen стилски пакет за Honda Civic – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mugen стилски пакет за Honda Civic

Покрај додатоците за кросоверот CR-V, Mugen претстави дополнителен асортиман од додатоци за Европскиот Honda Civic.

Изгледот на стандардниот компактен хечбек може да биде опремен со нов преден спојлер, изменета решетка, аеродинамични странични прагови, заден дифузер, спојлер над петтата врата и три различни типови на тркала достапни во повеќе бои. Покрај останатото, во опција се и карбонски поклопци на ретровизорите, Mugen назнаки и капаци над резерварот за масло во златна, сребрена, црвена, сина или црна боја.

За жал Mugen не понуди надоградби за подобрување на перформансите, па оние кои сакаат поагресивен Civic ќе мораат да почекаат до излегувањето на Type R верзијата во 2015.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.