Тоyota GT86 во кожа на Lexus LFA – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Тоyota GT86 во кожа на Lexus LFA

Јапонскиот тјунер DAMD претстави стајлинг пакет за Toyota GT86 кој ја прави да изгледа како помал Lexus LFA, на саемот во Токио.

DAMD претстави одлично решение за оние кои немаат толку длабок џеб за Lexus LFA, задоволни се од перформансите на GT86, но не и од неговиот изглед.

Козметичката трансформација се состои од боди кит во кој спаѓаат ново дизајниран браник со триаголни странични отвори за воздух, странични прагови исто така со отвор, нов заден браник со вентилација и решетка во вид на саќе, дифузер и три централно поставени издувни цевки, поставени на ист начин како суперавтомобилот од Lexus.

Изгледот го комплетираат назнаките од Lexus, како и новиот сет на алуминиумски фелни кои имаат сличен дизајн како оние на LFA Nürburgring Edition.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.