Новата Toyota RAV4 претставена во Лос Анџелес – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новата Toyota RAV4 претставена во Лос Анџелес

Toyota официјално ја претстави новата четврта генерација на RAV4 на овогодинашниот автомобилски саем во Лос Анџелес.

Закажан да излезе на пазарот наредната година, обновениот компактен кросовер има поспортски изглед со новоto лице на Јапонскиот бренд и накосена линија на кровот, со што заличува на кросовер варијанта од новиот Auris. Според Toyota, новиот RAV4 е поставен на полесна и поцврста структура.

Во внатрешноста се протега асиметрична централна конзола во која се вградени амбиентално осветлување, секундарни контроли и 6.1-инчен дисплеј. Тука се и воланот со три краци, металните детали и овални отвори за воздух. Основните пакети на опрема се „поспартански“ опремени, но повисоките можат да се добијат со кожен ентериер, Entune мултимедијален систем и JBL премиум аудио систем.

На Американските купувачи ќе им биде понуден само со 2.5-литарски четири-цилиндарски агрегат кој произведува 176 кс и 233 Nm максимален вртежен момент, усогласен со нов шест-степен секвенцијален автоматски менувач. На останатите пазари – како Европа – Toyota ќе го нуди новиот RAV4 со повеќе погонски единици – 2-литарски четири-цилиндричен бензинец со 149 кс и два дизели, 2-литарски со 122 кс и 2.2-литарски со 148 кс. Исто како претходно, компактниот кросовер ќе се нуди со погон на предните или на сите четири тркала.

Системот за погон на сите тркала нуди три различни режими: Auto, Lock и Sport. Режимот Auto првично испорачува сила кон предните тркала, но по потреба ќе ги вклучи и задните тркала. Режимот Lock подеднакво испорачува сила кон предните и задните тркала при брзини помали од 40 км/ч. Последниот, Sport режим го подобрува управувањето на кросоверот со инстантно префрлување сила кон задните тркала при влегување во свиоци.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Освежениот Toyota GR Yaris е уште помоќен и уште побрз!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.