WRC: Прва победа за Hirvonen во Citroen – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

WRC: Прва победа за Hirvonen во Citroen

Hirvonen со малку среќа стигна до својата прва победа во Citroen – По излетувањето на двата возачи на Ford и откажувањето на Себастијан Лоеб, на Хирвонен не му беше тешко прв да ја заврши трката во Сардинија.

За разлика од своите конкуренти, Хирвонен успеа да ги избегне тешките ситуации и проблемите со своите гуми, за на крај да се здобие со уште една нова победа – прва во новиот тим и 15 во својата кариера.

На второто место заврши Рускиот возач – Јевгениј Новиков, додека на третото место се пласираше Tanak. Утешни бодови освои и Peter Solberg, а во S2000 конкуренцијата уште еднаш на првото место се најде Sebastien Ogier со својата Skoda.



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.