Subaru BRZ STI – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Subaru BRZ STI

Subaru изјави дека наскоро ќе го претстави STI пакетот за моментално еден од најпопуларните автомобили – Subaru BRZ.

STI пакетот нуди преден спојлер и странични прагови во црна боја, 17-инчни алуминиумски фелни, сет од нови спортски спирали и амортизери како и заден дифузер со нов издувен систем. Исто така, STI пакетот нуди и менувач со краток од, “push to start” систем и нова боја на централната конзола.

Сеуште останува непознато кога Subaru ќе се одлучи да го пушти STI пакетот во продажба и која цена би чинеле ваквите додатоци.



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.