full screen background image
Search

Мало намалување на цените на горивата!

Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата – ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 84.50 денари а дизелот 71.50 денари.

Согласно методологијата за пресметка на малопродажните цени на горивата, цените се намалуваат во просек за 1.38%. Тоа значи дека цената на ЕУРОСУПЕР-95 останува иста, односно 83 денари за литар. Цената на ЕУРОСУПЕР-98 се намалува за 0.5 денари и ќе изнесува 84.50 денари за литар.  Цената на ЕУРОДИЗЕЛОТ исто така се намалува за 0.5 денари и еден литар дизел гориво ќе чини 71.50 денари.

Цените ќе важат од вечерва на полноќ,  и ќе бидат во важност следните 14 дена.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.