Најекономичниот Golf досега – VW Golf VII Bluemotion – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Најекономичниот Golf досега – VW Golf VII Bluemotion

Неодамна го претставивме VW Golf VII GTI – спортистот на Volkswagen, а сега го претставуваме токму спротивното – економичната верзија на Golf која воедно е и најекономична досега!

Кога ги собравме сите информации за новиот Golf напоменавме дека во иднина ќе биде претставена и неговата економична верзија – Bluemotion. Токму тоа го имаме сега – Golf TDI Bluemotion!

Bluemotion верзијата сега има просечна потрошувачка од импресивни 3.2 литри на 100 km, а во исто време испушта само 85 грама CO2 на изминат километар. Теоретски со оваа потрошувачка и еден полн резервоар, Golf Bluemotion може да пројде 1.562 km, па според тоа доколку годишно проаѓате 15.000 километри, вие ќе треба да го наполните резервоарот само десет пати.

Освен што новата генерација на Golf е полесна, Bluemotion верзијата добива и нов мотор – 1.6 литарскиот TDI мотор кој има моќност од 109 КС и 250 Nm вртежен момент. Покрај економичноста, Golf VII Bluemotion има максимална брзина од 202 km/h.

Сепак, за да биде што е можно поекономичен, Golf Bluemotion добива некој измени. Тука пред се се гумите кои овозможуваат помал отпор, изменетиот менувач кој сега нуди подолги односи на брзините како и Start-Stop технологијата .

Ако го споредиме со останатите верзии на Golf, Bluemotion верзијата има подобрена аеродинамика со тоа што е понизок од останатите за 15 mm, потоа предните отвори за воздух се затворени, а добива и нов спојлер на задниот дел.

Оваа генерација на Bluemotion, за прв пат ќе добие и две нивоа на опрема – сега Golf Bluemotion може да биде во Trendline или Comdortline нивото на опрема.

Поврзано:   СУПЕР-ТЕСТ: Volkswagen Golf GTE 245 DSG - Како е да се живее со плаг-ин хибрид во Македонија?


Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.