Mitsubishi ги претстави новиот малишан Mirage и затегнатиот ASX – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mitsubishi ги претстави новиот малишан Mirage и затегнатиот ASX

На саемот во Париз, Јапонскиот производител го претстави нивното ново оружје со кое ќе ја покачат продажбата и ќе застанат цврсто на Европскиот пазар.

Mitsubishi го опишува Mirage како практичен и нискобуџетен модел. Со 3710 mm должина, 1665 mm ширина, 1490 mm височина и 845 кг тежина, Mirage е помал, но во исто време полесен, поекономичен и поефтин од неговите конкуренти Volkswagen Polo и Fiat Punto.

На Европскиот континент, Mirage ќе се нуди со нова генерација на три-цилиндарски бензински агрегати. Основниот модел ќе биде опремен со 1.0-литарски мотор со 70 кс и 88 Nm вртежен момент, доволни за забрзување од 0-100 км/ч за 13.6 секунди и просечна потрошувачка од 3.33 литри на 100 км, со емисија на издувни гасови од 92 грама на км.

Поголемиот 1.2-литарски три-цилиндарски агрегат има 79 кс и 105 Nm, со забрзување од 0-100 км/ч за 11.7 секунди и потрошувачка од 3.41 литри гориво на 100 км, со емисија на CO2 од 96 грама на километар. И двата агрегати сериски се опремени со рачен менувал, додека кај поголемиот како опција е понуден и автоматската CVT трансмисија.

Автомобилот ќе биде опремен со системи за штедење како старт/стоп, регенеративно сопирање, гуми со низок отпор на триење, алтернатор со голема ефикасност и интелигентен сензор на акумулаторот. Суспензијата се состои од MacPherson напред и торзиона оска со пружини позади.

Mirage ќе пристигне на Европскиот пазар во првата четвртина од 2013.

Покрај Mirage, Јапонскиот производител во Париз ја изложи освежената верзија на кросоверот ASX. Новиот модел, кој ќе започне со продажба веднаш, има редизајниран преден дел, освежен заден браник, како и изменета мулти-линк суспензија за подобрено управување и комфорт во возењето.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.