Претставен Toyota Auris Touring Sports – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Претставен Toyota Auris Touring Sports

Toyota ја претстави караван изведбата од Auris на сегашниот автомобилски саем во Париз.

Аuris Touring Sports има подеденакво меѓуоскино растојание, но за 285 mm подолга каросерија од компактната верзија на моделот од C-сегментот на Toyota. Автомобилот ќе биде првиот караван кој ќе биде во понуда со хибриден погон покрај конвенционалните бензински и дизел агрегати.

Покрај хибридниот систем преземен од Prius, Auris Touring Sports ќе биде во понуда со истите 1.33 Dual VVT-i и 1.6 Valvematic бензински и 1.4 D-4D дизел агрегати понудени кај компактот.

Предниот дел останува ист како кај хечбекот, додека товарните шини, задниот спојлер, редизајнираните заден браник и врата, црните сјајни B-столбови, како и хромираните детали го издвојуваат од стандардниот модел.

Во сериската опрема на основниот модел ќе спаѓаат седум воздушни перничиња, нов осветлувачки систем, систем за асистенција на угорници, систем за стабилност на возилото и LED дневни светла.

Auris Touring Sports ќе пристигне во Европските претставништва во почетокот на 2013.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.