Citroen и Loeb размислуваат за влез во WTCC – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Citroen и Loeb размислуваат за влез во WTCC

Веднаш по објавата дека Себастијан Лоеб нема да се натпреварува за WRC титулата следната сезона, Citroen изјави дека тие сериозно размислуваат да се префрлат во WTCC.

Главниот човек во Citroen Racing тимот – Ив Матон – изјави дека Лоеб ќе учествува на само неколку од трките на Светскиот Рели Шампионат во следната сезона и ги разгледува можностите да земе учество во WTCC почнувајќи од 2014 или 2015.

WTCC би му овозможило на Citroen да се промовира на некои од главните маркети, како Кина и Бразил. Финалната одлука зависи од еволуцијата на правилата на FIA и одлучноста на нивните досегашни и идни партнери да ги поддржат во овој проект.

Матон исто така потврди дека осум-кратниот Светски Рели шампион Лоеб ќе биде нивен предводник кај возачите. Овој проект би му овозможил да ја продолжи неговата кариера во тркаче на патека со поддршка од производителот со кој тој соработува од неговото дебитирање.

Моментално WTCC се воодушевени од можноста да го имаат Лоеб во нивниот шампионат, и со нетрпение очекуваат позитивна одлука од Citroen.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.