Премиера: Peugeot 208 R5 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: Peugeot 208 R5

Peugeot го претстави новиот 208 R5 на 2012-тото издание на автомобилскиот Саем во Париз во текот на вчерашниот ден.

Автомобилот е вистинско натпреварувачко чудовиште и без сомнеж ќе биде подобар од својот претходник, 207 Super 2000. Новиот 208 R5 се очекува да започне се учество на рели шампионатите од втората половина на 2014. Главните технички спецификации на овој спортист се: 1.6-литарски турбополнет агрегат со 280 кс усогласен со пет-степен секвенцијален менувач и погон на сите четири тркала без централен диференцијал и рели суспензија.

Однадвор, измените се состојат од пошироко меѓуоскино растојание, заден кровен спојлер и проширување на крилата за да овозможат место за 18-инчни тркала. Сепак, тежината е задржана на минималната дозволена маса од 1200 кг.

Peugeot 208 R5 има големи подобрувања поради намалувањето на неговата тежина за 40 кг споредено со 207. Нејзиното долго меѓуоскино растојание му овозможува на 208 R5 одлична стабилност. Исто така, бидејќи е помал, 208 ќе биде поефикасен, а сите овие квалитети заедно ќе му овозможат на R5 одлично држење на патот.

Разлутениот лав Peugeot 208 R5 ќе чини 180,000 евра, како и сите други автомобили од R5 класата, а ќе учествува во најсилните класи на шампионатите како Интерконтиненталниот Рели Натпревар (IRC), Европскиот Рели Шампионат (ERC) и национатните шампионати.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.