Замислени Fiat 500 Speedster и Roadster – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Замислени Fiat 500 Speedster и Roadster

Симпатичната форма на Fiat 500 e толку врежана во нашите мозоци, што секој автомобил кој бар малку наликува на него веднаш ни станува уште попривлечен.

Сега ви претставуваме неколку автомобили од соништата, кои покрај нивната непрактична природа, изгледаат многу привлечно. Тие беа создадени од Италијански студенти на Универзитетот Politecnico Di Milano во соработка со Madeindreams, кои заедно замислија поинаква двосед верзија од легендарниот автомобил.

Првата креација претставува роудстер концепт кој го користи истото ветробранско стакло како стандардниот 500, но нуди нов преден и заден браник, проширени крила, како и две грпки позади возачот и совозачот.

 

Другиот проект е Абарт модел со пократко ветробранско стакло во вообичаениот спидстер дизајн. Располага со истите браници и проширени крила како кај роудстерот.

Може да се каже дека Renault користеше сличен начин кога го претвори Twingo во Wind. Бидејќи Fiat 500 изгледа далеку попривлечно од Twingo може да се претпостави дека овие два автомобили од соништата би се продавале многу подобро.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.