Галерија: Miss Tuning Calendar 2013 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Галерија: Miss Tuning Calendar 2013

Miss Tuning 2013 Calendar излезе во продажба! Како додаток на тјунираните и класични автомобили е 22 годишната убавица Арнолд Фрици, презентирана во заводливи пози.

Со победата на јубилејниот Мис Тјунинг натпревар за убавина на овогодинашниот тјунинг саем во Бодензее, Фрици Арнолд стана официјален претставник на тјунинг индустријата во Германија. Таа беше наградена со Skoda Fabia Monte Carlo, како и фото сесија за ексклузивниот Miss Tuning 2013 Calendar, а сега пристигнаа и фотографиите од календарот.

Фотографиите се дело на славниот фотограф Макс Стим, а се сликани во и околу Хелсинки, Финска. Според Арнолд локациите за фотографирање во Скандинавија биле одлични и располагале со средина како од секое годишно време.

Со ограничена серија од 1,500 примероци, овој календар е достапен за цена од 25 евра (со вклучена испорака) на www.tuningworldbodensee.de.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.