Премиера: Audi RS5 Cabriolet! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: Audi RS5 Cabriolet!

Пред само неколку минути Германскиот производител ја претстави отворената верзија на RS5 – наречена едноставно RS5 Cabriolet!

Audi RS5 Cabriolet е изграден врз основата на обичниот S5 со отворен покрив, но со многу измени кои му дозволуваат на автомобилот да ја носи ознаката RS. Под поклопецот на моторот се крие 4.2 литарскиот FSI мотор кој испорачува 450 коњски сили. Сите овие коњи му овозможуваат на RS5 да забрза до 100 километри на час за само 4.9 секунди.

Моторот ги испорачува овие 450 коњски сили на стратосферски 8250 вртежи во минута а истовремено нуди 430 Nm вртежен момент помеѓу 4000 и 6000 вртежи во минута. Максималната брзина е 250 километри на час, но по барање на купувачот границата може да биде подигната на 280 километри на час. Благодарение на оптимизацијата на моторот има комбинирана потрошувачка од само 10.9 литри на 100 изминати километри.

Секако, RS5 се нуди со S-Tronic менувачот со двојна спојка, а има и Launch Control систем за брзи стартови. Преносот го распределува вртежниот момент во однос 40:60 во корист на задната оска, а по потреба може да пренесе до 70% на предната односно 85% на задната оска.

Според најавите, испораките на новиот RS5 Cabriolet ќе започнат на почетокот на следната година, а цената во Германија ќе започнува од 88.500 евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.