Можеби најголемото изненадување на автомобилскиот саем во Москва, го донесе најнеатрактивниот присутен производител – Lada!
Сосема неочекувано, но Lada успеа да понуди нешто што не ни можевме да го замислиме досега од Русите – модерен компактен кросовер со напредна технологија!
Прво да нагласиме дека дизајнер на ова “чудо” на Lada е Steve Mattin. Тој е дизајнер на постарата ML класа на Mercedes, како и на Volvo XC60, a сега тој е задолжен за дизјанот на идните модели на Русите.
Овој концепт нема да биде и сериски автомобил на Lada, но сепак неговиот дизајн ќе има голем удел во идните автомобили. Најверојатно првите автомобили кои ќе имаат сосема нов дизајнерски правец, налик на овој концепт нема да ги видиме до 2015 година.
Сега да уживаме во нешто што не го гледаме секојдневно ултра модерна Lada, како надвор така и внатре!