Новиот процес за бојадисување на Honda е за 25% поефикасен – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот процес за бојадисување на Honda е за 25% поефикасен

Од сите посебни процедури кои се потребни за правилно произведување на еден автомобил, најголем потрошувач на енергија е бојадисувањето. Според инженерот на Honda, Шубо Батачарја, само бојадисувањето користи 60% од енергијата потребна за создавање на еден автомобил.

Ова сфаќање го натерало Батачарја да измисли нов начин за поефикасно бојадисување на автомобилите на Honda, и со помош на паметен алгоритам кој е сега применет во нивните Северно-Американски фабрики, тој успеа да ја намали енергетската употреба на секоја фабрика за неверојатни 25%!

Ова значи дека проста оптимизација без никакво преструктуирање ‘скина’ значајнен износ од месечната сметка за електрична енергија на Honda. Mожеме да претпоставиме дека доколку останатите процедури бидат слично оптимизирани, можеби производството на автомобили би станало уште поефтино, побрзо и ќе придонесе за поквалитетно изработени производи во процесот.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.