Освежување за Freelander 2 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Освежување за Freelander 2

Британците го претставија фејслифтот на Freelander 2, кој ќе дебитира наредната недела на Moscow Auto Show!

Овој фејслифт покрај надворешните подобрувања, носи и целосно нова внатрешност за Freelander 2! Овој модел на Land Rover последен пат беше “освежен” во 2010-та кога имаше минимални промени.

Да почнеме со промените во изгледот. Уште веднаш се гледа дека и Британците го следат трендот на LED дневните светла, па така предните светла освен нова графика, добиваат и LED дневни светла! Предната маска заедно со светлата за магла добиваат повеќе хромирани детали. На задниот дел иста приказна. Освен LED диодите нема поголеми промени.

Сепак најголемите новитети доаѓаат внатре! Таму не пречекува новата централна конзола со 5-инчен екран на допир. Тука е и премиум аудио системот Meridian кој е составен дел и на Evoque.

Промена во понудата на моторите нема, па така во игра останува 2.2 литарскиот турбо дизел мотор во три верзии – TD4 со 184 КС, SD4 со 187 КС и eD4 кој има 141 КС и е во комбинација само со погон на предните тркала.

Заедно со овој фејслифт, Freelander доби и три нови бои (Mauritius Blue, Aintree Green и Havana). Цената на овој фејслифт почнува од 23,700 фунти, а продажбата стартува веќе во Октомври!



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.