Nissan GT-R Switzer од 8 секунди! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Nissan GT-R Switzer од 8 секунди!

Switzer Performance  го претставија нивниот најнов тјунинг проект базиран на Nissan GT-R, наречен R1KX Red Katana.

Ова е првиот Switzer R1KX модел, кој се појавил на драгстер трка од 402 метри. Минатиот викенд на Summit Motorsports Park стазата во Норвок, Охајо, свежо комплетираната ‘Katana’ извозе четвртина милја за импресивно време од 8.97 секунди, поминувајќи ја целта со брзина од над 260 км/ч.

Автомобилот е комплетно преправен GT-R, чиј ентериер е целосно тапациран со кожа и алкантара, а има и детали од јаглеродни влакна, правејќи ја внатрешноста на овој модел во иста класа на Porsche и Ferrari.

Покрај тоа, автомобилот располага со високо квалитетен аудио систем, кој може да ви ги растресе коските, додека автомобилскиот мотор од 1,500 кс ќе ги исплаши сите пешаци и вчудоневиди сите патници. Сепак, додавањето на сите овие работи придонело за зголемување на тежината за околу 140 килограми во споредба со стандардниот модел.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.