Претставен 2013 Bentley Continental GT Speed – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Претставен 2013 Bentley Continental GT Speed

Bentley ги објави официјалните фотографии и сите информации за 2013 Continental GT Speed, најмоќниот автомобил на Британскиот производител.

Автомобилот е погонуван од голем 6.0-литарски W12 твин-турбо агрегат кој развива 625 кс при 6,000 вртежи и максимален вртежен момент од 800 Nm достапен помеѓу 2,000 и 5,000 вртежи во минута. Силата се пренесува кон тркалата со помош на осум-степен ZF автоматски менувач, овозможувајќи му забрзување од 0-100 км/ч за само 4 секунди, кон максималната брзина од 330 км/ч.

Инженерите на Bentley ја надоградија воздушната суспензија, овозможувајќи подобро управување. Системот за нивелирање може да ја позиционира височината на возење за 10mm пониско во споредба со стандардниот Continental GT.

Силата на сопирање доаѓа од големите 405 милиметарски предни и 335 милиметарски задни вентилирачки дискови со осум-клипни шепи. Како опција понудени се и 420 милиметарски предни и 356 милиметарски задни, накрсно продупчени карбонски дискови, 20 килограми полесни од стандардните.

Ексклузивни на овој модел се конкавните 21-инчни тркала со десет дупли краци, достапни во темна и светла боја, обвиени во 275/35 ZR21 гуми. Исто така  GT Speed располага со ново дизајнирани издувни цевки, како и хромирани рамки околу задните светла.

Во внатрешноста може да се забележи осум-инчен мултимедијален систем на допир со хард диск од 30 гигабајти. Доаѓа со звучен систем од осум звучници кој може да се управува директно од iPod.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.