Audi Quattro доаѓа во 2015 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi Quattro доаѓа во 2015

Сериската верзија од концептот Audi Quattro, претставен на Саемот во Париз во 2010, ќе биде претставена во 2015, односно на 35 годишнината од нејзиниот претходник.

Сепак, за разлика од нејзиниот концепт, сериската верзија ќе претставува купе со две врати, четири седишта, изглед на кросовер и тежина од 1300 килограми. Поточно, нејзиниот изглед ќе претставува средина помеѓу Q5 и A5, тежината средина помеѓу A1 и A3, силата средина помеѓу S5 и RS5, а цената средина помеѓу TT RS и R8.

Силата ќе се испорачува од 2.5-литарски пет-цилиндарски турбополнет мотор со 375 кс, усогласен со S-tronic автоматска трансмисија со дупла спојка, што ќе му овозможи на моделот забрзување од 0-100 км/ч за нешто над четири секунди.

Предвидено е производство од 10,000 Аudi Quattro автомобили годишно.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.