Honda добива ново лого – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Honda добива ново лого

Honda е уште еден од низата автомобилски производители кои неодамна воведоа свеж дизајн на своите логоа.

Првото лого датира од далечната 1963 година и истото има претрпено неколку измени во дизајнот низ годините.

Дизајнот е освежен во согласност со развојот на следната генерација на електрични возила и ја претставува посветеноста на Honda да ги зголеми можностите на мобилноста и да ги задоволи потребите на клиентите.

Новиот знак ќе почне да се применува од следната генерација на електрични возила како и на моделите со хибридно-електрични погони.

Освен на возилата, Honda ќе го прошири користењето на новото лого и ќе го претставува целиот автомобилски бизнис на јапонскиот производител.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!