Kако би можел да изгледа 2013 Ferrari F70? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Kако би можел да изгледа 2013 Ferrari F70?

Ви претставуваме рендери од новиот 2013 Ferrari F70, направени според неодамнешните шпиунски фотографии од претстојниот наследник на Enzo.

Сите автомобили на сликите располагаат со пофлуиден дизајн во однос на претходникот Enzo, односно претставуваат микс помеѓу моделите Enzo и 458 Italia, со преден дел позајмен од новата F12 Berlinetta. Другите одлики вклучуваат заден поклопец на моторот сличен како кај P4/5 Competizione, карактеристичен заден дифузер и сет од две издувни цевки.

Според досегашните информации, F70 ќе користи HY-KERS систем, кој усогласен со 7.3-литарски V12 мотор ќе произведува над 900 кс. Силата ќе се пренесува преку автоматски менувач со дупла спојка кон сите четири тркала. Овој супер автомобил ќе биде поставен на шасија целосно изработена од јаглеродни влакна за да биде што е можно полесен, а исто така се очекува да биде опремен и со цел асортиман од активни аеродинамични компоненти.

Негови главни конкуренти ќе бидат Bugatti Veyron, Jaguar C-X75 и Porsche 918, а неговото официјално претставување ќе биде при крајот на 2012. Првите порачки ќе почнат да стигнуваат за една година подоцна.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.