Bugatti 16C Galibier ќе располага со над 1,000 КС! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Bugatti 16C Galibier ќе располага со над 1,000 КС!

Концептот Bugatti 16C Galibier беше претставен во 2009 година, како предлог за втор модел во гамата на Bugatti. За оваа супер лимузина се збореше дека ќе има еднакво импресивни перформанси како и нејзиниот брат Veyron.

Деновиве, Bugatti објави нови информации за моделот. Нивниот извршен директор Волфганг Дурхајмер изјави дека новиот Galibier ќе располага со над 1,000 кс и ќе доспигнува максимална брзина од околу 380 км/ч, благодарение на 8.0-литарски W16 мотор со два турбо полначи. Издувните гасови ќе излегуваат од задниот дел на автомобилот низ дури осум титаниумски издувни цевки!

Дурхајмер исто така тврди дека Galibier ќе биде најбрз од сите лимузини! Сепак, не беше објавено кога ќе започне неговото производство, но се очекува автомобилот да излезе на пазарот во 2015 година.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.