Новиот полски производител на суперавтомобили Arrinera Automotive официјално објави дека нивниот суперавтомобил ќе биде наречен Hussarya.
Името изгледа како да е копија на Pagani Huayra, но Arrinera велат дека оваа назнака е во чест на Полската Хусарска коњаница од 16-ти до 18-ти век.
Што се однесува до изгледот, автомобилот со изменет екстериер за разлика од оргиналниот концепт. Сепак, можат да се забележат неколку дизајнерски елементи позајмени од Lamborghini Gallardo.
Шасијата изработена од челик е дизајнирана од Lee Noble, а поставена е и мули-линк независна суспензија исто така дизајнирана и оптимизирана од Noble.
Овој модел го погонува средишно поставен 6.2-литарски V8 мотор со компресор кој произведува 650 кс и 820 Nm вртежен момент. Ова му овозможува на 1300 килограми тешкиот суперавтомобил да забрзува од 0-100 км/ч за 3.2 секунди и да достигне максимална брзина од 340 км/ч.
Автомобилот е исто така опремен со два реактивни спојлери, позиционирани на горната страна од задниот дел, кои се отвараат во агол од 50 степени при брзини над 150 км/ч за да помогнат при сопирање.
Аrrinera објавија дека Hussarya ќе започне со продажба во крајот на 2013.