WRC: Loeb извојува трета победа во Финска – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

WRC: Loeb извојува трета победа во Финска

Извонредниот успех на Себастијан Лоеб во Светскиот Рели Шампионат продолжи и вчера, кога тој го освои Финското Рели по трети пат.

Лоеб, чија победа беше 73-та во Светскиот Рели шампионат го совлада тимскиот колега од Citroen и локален херој Мико Хирвонен за 6.1 секунда. Оваа трета победа на Финското рели го стави Лоеб на исто рамниште со Финската рели легенда Јуха Канкунен, со тоа што сега и двајцата имаат по три победи.

Возачите на Ford не успеаја да држат чекор со Citroen, па на крајот Јари-Мати Латвала го зема третото место со заостанување од 21 секунда, додека Петер Солберг четвртото место со заостанување од 35 секунди позади Лоеб.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.