Први дигитални рендери од 2014 Kia Cerato – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Први дигитални рендери од 2014 Kia Cerato

Kia објави две дигитални илустрации од наследникот на компактниот седан Cerato, позициониран една класа над Cee’d.

На овие официјални рендери е прикажана новата генерација на Cerato, пред нејзиното лансирање на домашниот пазар во Кореа под новото име K3. Продажбата на другите маркети ќе започне во првата четвртина од 2013, а неговата гама ќе содржи пет-вратен хечбек и купе варијанта со две врати.

Компанијата вели дека нејзините дизајнери и инженери се фокусирале да му дадат на новиот Cerato футуристички и динамичен стајлинг, со повеќе простор во внатрешноста. Овие “teaser” слики искажуваат дека новиот компактен модел или базиран, или инспириран од втората генерација на Kia Cee’d кој беше претставен на овогодинешниот Саем во Женева.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.