Наследникот на BMW Серија 1 М Coupe доаѓа во 2014 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Наследникот на BMW Серија 1 М Coupe доаѓа во 2014

BMW ќе го претстави наследникот на Серија 1 М Coupe на Северно Американскиот Интернационален Автомобилски Саем во 2014.

Наречен M235i, моделот ќе се базира на Серија 2 која се очекува да биде претставена на Саемот во Франкфурт во 2013. Тоа е поточно Серија 1 Coupe, но како што претходно напоменавме Германскиот бренд врши реименување на купе моделите од Серија 1 во Серија 2, како и купе моделите од Серија 3 во Серија 4.

Механиката се очекува да биде преземена од M135i, па може да се очекува 3.0-литарски шест-цилиндарски мотор кој произведува 320 кс и 450 Nm вртежен момент, усогласен со шест-степен рачен менувач, а во дополнителна опрема и автоматски со дупла спојка. Моделот ќе биде со погон на задните тркала, но ќе биде достапен и погонот на сите тркала.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.