Нов стајлинг за BMW M6 од Lumma Design – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Нов стајлинг за BMW M6 од Lumma Design

Новиот BMW M6 со неговите 560 КС е најбрзата купе/кабриолет верзија од BMW Серија 6. Lumma Design прикажа неколку слики од претстојните опции за надворешноста и внатрешноста на сегашниот M6.

Kомплетниот аеродинамички пакет со преден спојлер и поголеми отвори за воздух, поклопецот на моторот од јаглеродни влакна, додатоците на лаковите од тркалата напред и позади и задниот дифузер со централно поставените издувни цевки го трансформираат М6 во Lumma креација. Надворешниот изглед го комплетираат повеќеделните 21-инчни спортски бандажи.

М6 by Lumma Design има порафиниран ентериер со елементи од кожа, алкантара и карбон.

Според Германскиот тјунер, не постојат граници кога станува збор за исполнување на желбите на купувачот. Првите возила ќе бидат комплетно завршени и ќе започнат со продажба во почетокот на 2013.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.