Audi Q2 како концепт во Париз – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi Q2 како концепт во Париз

Веќе одамна Audi го најавува Q2, а последните новости говорат дека моделот кој од идната година ќе биде во производство ќе го видиме на саемот во Париз.

Идниот член на Q фамилијата на Audi, Q2 ќе биде претставен на саемот во Париз како концепт. Овој модел на пазарот ќе се појави на крајот на 2013 година, но сепак иако е сеуште рано, Audi најавува дека основната верзија на Q2 ќе чини околу 25.000 евра.

Q2 ќе го заземе местото под Q3 кој всушност ќе биде неговиот поголем брат. Како што можеме да видиме тој ќе изгледа далеку поспортски од него. Неодамна излегоа шпекулации дека во понудата на Audi Q2 меѓу останатите мотори ќе се најде и 1.4 турбо бензинецот, како и 1.6 TDi дизел моторот.



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.