Peugeot ќе ги реименува своите модели! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Peugeot ќе ги реименува своите модели!

Како што производителите на автомобили константно додаваат нови производи во нивната гама, некогаш лесните за разбирање нумерички имиња стануваат комплицирани.

Откако паметиме, Peugeot користи три-цифрени, а од поскоро време и четири-цифрени бројки за именување на моделите. Првиот број ја означува класата, следен од единечна или дупла нула во средината, и крајна бројка која ја означува генерацијата на возилото.

Peugeot реши да го поедностави системот на именување со објава дека од сега па натаму, нивните модели нема повеќе да го менуваат нивниот број кога ќе бидат обновени, со тоа што сите имиња ќе завршуваат со „1“ или „8“. Францускиот производител истакна дека крајниот број ‘1’ ке се користи кај модели кои „ќе нудат многу за малку пари“ и ќе ја надополнуваат регуларната гама на возила со краен број „8“. Првиот пример е новиот 301 компактен седан. Сите модели кои завршуваат со „7“ ќе добијат краен број „8“ веднаш штом ќе бидат обновени.

Peugeot ќе продолжи да ја користи „дуплата нула“ кај нејзините повисоки модели, вклучувајќи ги кросоверите и минивановите, а исто така и дуплите букви за да го означат типот на возилото. Тоа е пример кај CC за кабрио-купе и SW за караван. Компанијата не кажа што ќе прави со нивните други модели како купето RCZ.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.