Официјално: Volkswagen Golf GTI Cabriolet – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: Volkswagen Golf GTI Cabriolet

Само неколку месеци по претставувањето на концептот, Volkswagen денес и официјално го претстави новиот Golf GTI во Cabriolet изведба!

За Cabriolet изведбата на Golf GTI првпат пишувавме пред неколку месеци, кога моделот беше во најава. Сега ги имаме сите официјални информации, но и мега-галерија од новиот борец на Volkswagen.

Моторот ни е веќе познат – се работи за познатиот 2.0-литарски TFSI турбо бензински агрегат со 210 коњски сили и 280 Nm вртежен момент, а кај GTI нудат навистина добри перформанси. Ова е првиот GTI Cabriolet во историјата кој забрзува до 100 километри на час за 7.3 секунди, а 280-те Nm ги постигнува од само 1700 вртежи, што го прават идеален автомобил за уживање во сонцето и убавото време.

Секако, многу внимание е посветена и на безбедноста. Во случај на превртување веднаш се активира системот за заштита и се издигнуваат заштитни прегради за делови од секунда, а автомобилот има дополнителни зајакнувања на некои места со цел да се компензира отстранувањето на кровот.

Платнениот кров целосно ќе се спушта за само 9 секунди, и при брзини до 30 километри на час. Дури и со спуштен кров, GTI Cabriolet има багажен простор од 250 литри.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.