Претставен MG Icon Concept во Пекинг – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Претставен MG Icon Concept во Пекинг

MG во Пекинг го претстави Icon Concept, SUV автомобил кој е наменет да биде конкурент на Nissan Juke.

Icon е SUV со четири места за седење и форма на купе во модерен дизајн со ретро елементи. Инспирацијата ја црпи од MGB GT и MGA, спортски возила кои се произведуваа се до 1980 година. Тоа може да се заклучи според предните светла, правоаголната решетка, задните светла и линијата на покривот кои многу личат на MGB GT, додека задните лакови на тркалата потсетуваат на тие кај MGA.

Според ограничените информации кои ги имаме, компанијата планира да го пушти во производство до 2014, а исто така можно е да произлезе и роадстер варијанта без кров.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.