Ferrari 458 Italia Special Edition – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ferrari 458 Italia Special Edition

Ferrari ја прослави 20 годишнината од нивната прва продажба на Кинескиот пазар со претставување на Special Edition 458 Italia.

Прво продадено Ferrari во оваа земја е 348 TS, порачано од Пекинг, кој e локација на официјалното откривање на моделот.

Само 20 примероци од 458 Special Edition ќе бидат направени ексклузивно за Кина. Најистакната карактеристика на овој автомобил е екстериерот, украсен со детали од темата Longma, која е стара кинеска идиома што значи “Силата и духот на легендарниот Змеј-Коњ”.

Каросеријата е обвиена во сосема нова боја наречена Marco Polo, специјално направена за овој модел, додека пак тркалата се обоени во златна боја, која исто така е применета на предните крила и страничните прагови.

Духот на Longma го има и во внатрешноста со златни везови на наслонувачите за глава, додека копчето за стартување на моторот на секоја од 20-те автомобили е испишано со поедноставени Кинески знаци за “Старт”, и “20th Anniversary Special Edition” плочка на централната конзола.

Славењето за 20 годишнината ќе биде дополнително одбележана со започнување на изложба во Italia Center од Шангајскиот World Expo Парк. Експонатите ќе вклучуваат некои од најдобрите колекции на брендот, поделени на пет теми: Ferrari во Кина, Зелена Технологија, Продукт, Дизајн и Трки.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.