Chrysler воведува безжична технологија на полнење – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Chrysler воведува безжична технологија на полнење

Mopar ги објави плановите да нуди безжичен систем за полнење во 2013 Dodge Dart.

Идејата за безжично полнење на помали или во некој случај поголеми уреди не е ништо ново, но Chrysler групацијата сака да биде првата која ќе нуди таков систем во автомобили преку нејзиниот Mopar оддел.

Chrysler групацијата се чини дека ќе биде прва која ќе обезбеди подлога за безжично полнење во возилото, така што ќе ја направи оваа технологија достапна во новиот 2013 Dodge Dart, кој пристигнува во салоните во втората четвртина од оваа година.

Системот вклучува подлога која е инсталирана на долниот дел од централната конзола. Вградената мрежа за полнење се активира кога патникот ќе го постави неговиот телефон на подлогата, но таа се вклучува само доколку моторот работи. Chrysler нагласи дека корисниците ќе треба да користат посебна кутија, дизајнирана за различни телефони, која е вклучена заедно со подлогата.

Mopar-овиот систем на безжично полнење е достапен за $199.99, плус инсталација.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.