Иако новиот Porsche 911 е на пазарот само неколку месеци, веќе се појавија некои тјунинг пакети за моделот. Еден од нив е и пакетот на SpeedART!
Нивната креација наречена SpeedART SP91-R, се состои од боди кит, спортски издувен систем, електронска надоградба на софтверот и нов сет тркала.
Боди китот содржи преден спојлер, странични прагови, заден дифузер и заден спојлер. Тркалата се со LSC алуминиумски бандажи со големина од 21-инч, направени за улични патеки и тркачки стази.
SpeedArt ја репрограмира електрониката за да ја зголеми силата за 25 коњски сили и 20Nm, па сега неговата сила изнесува 425 коњски сили и 460 Nm. Неговиот спортскиот издувен систем може да се комбинира со неколку различни дизајни на ауспухот кои даваат различен звук.
За ентериерот тие нудат ексклузивен дизајн со специјална кожа и алкантара.