full screen background image
Search

Mercedes Benz SL65 AMG – V12 Симфонија!

На самиот врв во понудата на новата SL класа на Mercedes-Benz се наоѓа SL65 AMG, кој доаѓа со моќен bi-turbo V12 мотор, но и цена од 236.000 евра!

Што ќе добијам за моите 236.000 евра?

Поточно, SL65 AMG почнува од 236.334 евра, а ќе ја добиете најмоќната верзија на овој автомобил. Големиот bi-turbo мотор е со зафатнина од 6 литри, има два турбо-полначи и нуди 621 коњска сила и 1000 Nm вртежен момент!

Што значи тоа во перформанси?

Тоа значи дека кабриолетот со цврст покрив ќе ја достигне бројката од 100 километри на час за 4.0 секунди, а 200 километри на час за 11.8 секунди. Како и повеќето од другите Германски возила, максималната брзина е ограничена на 250 километри на час, во доколку се отстрани граничникот, воопшто не би не чудело ако SL65 AMG ја надмине бројката од 300 километри на час без никакви потешкотии. Зачудувачки, Mercedes-Benz зборува за потрошувачка од 11.6 литри на 100 километри, но доколку можете да си го дозволите овој автомобил, сигурни сме дека потрошувачката воопшто нема да ве интересира.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.