Премиера: Fiat 500L – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: Fiat 500L

По неколкумесечните шпекулации, Fiat конечно ја дигна завесата од петвратниот Fiat 500, кој ќе се вика едноставно Fiat 500L!

500L – L значи “Large” или Големо е новиот член на 500 фамилијата, и ќе им се придружи на стандардната верзија, како и на Abarth и Cabrio верзиите. Fiat изјавува дека 500L ќе нуди простор за патниците како во повеќенаменско возило, чувство на мало SUV возило на патот и димензии и ефикасност на возило од Б-сегментот.

Моноволуменецот е долг 414 сантиментри, широк 178 сантиметри а висок 166 сантиметри и е продолжение на филозофијата која Fiat ја започна со 600 Multipla.

500L ќе се произведува во Крагујевац, Србија и ќе се нуди од последната четвртина на 2012-та година, за почеток со два бензински мотори – еден TwinAir мотор и 1.4-литарски мотор, како и 1.3-литарски MultiJet II дизелски агрегат.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.