Со претставувањето на новите бои на Ford Fiesta WRC, тимот на Ford најавува дека е подготвен да се бори за шампионската титула!
Откако за малку ја изгуби титулата минатата година, членовите на тимот на Ford, особено возачите Jari-Matti Latvala и Petter Solberg (замена за минатогодинешниот вице-шампион Mikko Hirvonnen, кој отиде во Citroen) се подготвени за сериозна борба. Иако годинава дури 12 возила на ранг-листите ќе бидат на Ford, само две се од фабричкиот тим.
Fiesta WRC е сериозен кандидат, а ние им посакуваме среќа. Ford има одлична и голема рели историја и навистина сме радосни што конечно пак има многу производители во WRC шампионатот. Оваа година, покрај Citroen и Ford, ќе настапуваат и MINI како и Volkswagen, со нивното Polo R WRC.