Inden Design Mercedes-Benz SLS AMG – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Inden Design Mercedes-Benz SLS AMG

Дали на автомобил кој веќе има повеќе од 570 коњски сили му се потребни повеќе? Inden Design сметаат дека на секој автомобил му е потребно повеќе сила!

Со доработка на моторот на овој веќе доволно силен автомобил, тие добиле дополнителни 52 коњски сили, па Inden Design SLS AMG има 623 коњски сили. Визуелни промени нема, освен големите тркала од 20 инчи, кои се со навистина широки гуми – и тоа 265/30 напред и 295/30 позади!

Inden Design сеуште нема објавено официјални информации за перформансите на нивниот SLS AMG, но „обичниот“ SLS AMG забрзува до 100 километри на час за 3.8 секунди, а има максимална брзина од скоро 320 километри на час!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.