Ем “Eco”, ем “Sport”… – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ем “Eco”, ем “Sport”…

Ретко кој од нас може да ги спои “Eco” и “Sport” во една целина, а истата да има поента. Дали концептот на Ford ќе го реши тој „проблем“?

Рано е да се каже, меѓутоа, по претставувањето на концептот EcoSport во Њу Делхи, би се согласиле дека постои можност. Локацијата не е случајно избрана, бидејќи Индија е еден од најбрзо растечките пазари, а воедно EcoSport ќе се произведува токму таму и во Бразил.

Изгледот се повикува на носечките, карактеристични линии кои ги гледаме кај поновите модели на Ford, додека димензиите на концептот, го сместуваат во сегментот на компактни SUV автомобили.

Друг новитет, претставен паралелно со овој концепт, е погонскиот агрегат, кој го носи името EcoBoost. Се работи за трицилиндарски мотор, со зафатнина од само 1.0 литри, кој според моќноста и перформансите, би се носел „рамо до рамо“ со конвенционален 1.6 литарски бензинец. Како? Со помош на турбо натполнење, се разбира! На тоа додајте го и системот за директно вшприцување на гориво и воала! Имате солидна моќност и перформанси, со ниска потрошувачка и емисија на издувни гасови. Добитна комбинација!

[youtube id=”DPdI-6DstEU” width=”600″ height=”350″]



Ако не го вози својот Lancer низ Скопје, тогаш побарајте го надвор од него... Голема е веројатноста да го сретнете Кристијан со неговиот далеку-источен миленик, како ужива во возењето!