full screen background image
Search

Faralli & Mazzanti Evantra – Нешто ново!

Од време на време има денови кога ќе видиме нешто навистина ново, и навистина ќе се изненадиме. F&M Evantra е нешто навистина ново, а денес е таков ден!

Faralli & Mazz.. ..кој?

Сосема оправдана реакција. Faralli & Mazzanti е Италијанска (очигледно) компанија која е основана од Luca Mazzanti и Mario Faralli. Минативе 20-тина години тие реставрирале автомобили и правеле уникатни парчиња за своите клиенти, но тие се конечно подготвени да го лансираат својот прв сериски автомобил – а тоа е токму Evantra!

Добро.. Италијанско возило со егзотично име. Сигурно има многу, многу коњи под хауба?

Да, 3.5 литарскиот flat-six мотор испорачува 403 или 603 коњски сили, во зависност од вашата храброст и џеб. Ако сакате 603 коњски сили ќе морате да се одлучите за моделот со турбо мотор. F&M предвидуваат дека ќе забрзува до 100 километри на час за 3.7 секунди, а крајната брзина не е објавена.

Малку чудно ми изгледа..

И нам – малку не потсеќа на кацигата на Lord Vader, но притисната и издолжена. Секако, ова не мора да биде критика, а купувачите (сите 5, само толку парчиња ќе се произведат) ќе можат да добијат целосно прилагодено возило за нивните потреби и на нивните желби. Долга е 4325 mm, широка 1955 mm, висока 1225 mm, a има меѓуоскино растојание од 2550 mm. F&M кажуваат дека автомобилот тежи 1200 килограми, а тоа е навистина добра бројка.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.