Donkervoort D8 GTO – Што по ѓаволите е ова? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Donkervoort D8 GTO – Што по ѓаволите е ова?

Donkervoort Automobilen е Холандска компанија која произведува навистина уникатни автомобили. Колку уникатни? Сликите кажуваат самите!

D8 GTO е најновиот модел кон Donkervoort го нуди, а ново кај него е што е придвижуван од 2.5-литарскиот турбо бензинец од AUDI TT RS. Соодветно тјуниран од страна на Donkervoort, тој испорачува и до 400 коњски сили!

Тоа значи забрзување до 100 километри на час за само 3.0 секунди, а максимална брзина од 255 километри на час. Интересно е што моторот не е само софтверски преработен, туку има и изменети компоненти кои се доработени во соработка со Audi,  па така моторот е дури 30 килограми полесен, а испорачува неверојатна моќност, која е повеќе од доволна за автомобилот кој е тежок само 700 килограми!

Првата серија од 25 автомобили ќе излезе на пазарот веќе во 2012-тата година, но таа ќе биде лимитирана. Сериското производство ќе започне во 2013, а D8 GTO ќе чини помеѓу 100.000 и 150.000 евра!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.