2013 Mercedes SL Roadster – Официјални фотографии! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

2013 Mercedes SL Roadster – Официјални фотографии!

Откако вчера се појавија фотографии од брошура за новиот SL, денес „протекоа“ и официјални фотографии од новото купе-кабрио на Германскиот производител.

Сеуште немаме официјални информации за тоа какви мотори ќе се вградуваат во новиот SL (со ознака R231), но во секој случај можеме да очекуваме лепеза на 6 и 8-цилиндрични мотори, како и можност за V12 во најсилната AMG изведба. Скоро со сигурност ќе дочекаме и AMG Black изведба со намалена тежина а зголемена моќност.

Интересно е што овој пат има и шпекулации за дизелска изведба на SL (Sport Leicht). Времето ќе покаже дали тоа навистина ќе се случи.

Минатата генерација на SL се произведуваше од 2003-тата година па до сега, со еден значителен фејслифт кој се појави во 2008-ма година. Најсилната изведба беше со V12 мотор со зафатнина од 6 литри и моќност од цели 670 коњски сили!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.