Погледнете во светот на McLaren! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Погледнете во светот на McLaren!

Фабриката на McLaren, или McLaren Production Centre, како што тие сакаат да ја наречат е огромна и многу специфична инвестиција за Британската компанија. Погледнете како изгледа!

Ретки се можностите да се погледне како изгледа една фабрика за автомобили одблиску, особено фабрика која е толку специфично направена како онаа на McLaren. Целиот објект чинел околу  58 милиони евра, а внатре се што ќе видите е доведено до перфекција.

Неодамна Британскиот премиер го посети McLaren Production Centre за да ги додели наградите на учесниците во McLaren Technology Challenge. Учесниците требаше да направат возило кое ќе помине 10 метри за најкратко можно време, а победникот го направи тоа за 2.28 секунди!

Уживајте во видеото и галеријата, а ние ќе сонуваме дека и ние ќе ја посетиме оваа уникатна фабрика некој ден!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.