full screen background image
Search

MINI ја освежи својата гама – автомобилите добиваат освежен дизајн, нови технологии и нов менувач!

Авантгардниот и привлечен MINI доби освежување – новитетите кај малиот тренди автомобил се значителни, а ние ги имаме сите податоци пред официјалната премиера во Детроит!


Визуелните измени започнуваат со редизајнираните предни светла кои сега изгледаат попривлечно, а продолжуваат со нови алуминиумски фелни и задни светла во форма на британското знаме (кои потекнуваат од концептите на брендот и се многу, многу кул). Достапни се и нови бои и Piano Black пакет за екстериерот кој ги заменува хромираните детали со црни, и со тоа добива подинамичен и поагресивен лик.

Промените продолжуваат и во кабината – купувачите ќе добијат нов управувач и нов „основен“ аудио-систем со 6.5-инчен дисплеј во боја. Сега се достапни и нови можности за персонализација – како што е уште поквалитетна кожа, можност за 3D-печатени уникатни елементи, нов 8.8-инчен мултимедијален уред со навигација како и можност за безжично полнење на мобилни уреди. Дополнително, MINI Connected системот добива можност во реално време да пренесува информации околу состојбата во сообраќајот, можност за личен асистент како и пристап до MINI Online порталот кој нуди вести, временска прогноза и локални цени на горивата.

Инженерите на MINI се пофалија дека направиле измени на TwinPower турбо технологијата, како и измени во електрониката, системот за подмачкување, системот „за дишење“ и други модификации на погонот, па би требало да добиеме поекономични и помоќни мотори. Дополнително, некои делови се направени од карбон-зајакната пластика за да се намали тежината.

Понудата на мотори во Европа вклучува седум погонски единици, кои се во распон од 75 па сè до 192 коњски сили кај моќниот Cooper S. Секако, можете да нарачате и дизелски MINI кој може да има меѓу 92 и 175 коњски сили. На самиот врв останува Mini John Cooper Works кој има 230 коњски сили. MINI автомобилите добиваат и целосно-нов DCT автоматски менувач со двојна спојка и седум степени на пренос, кој според MINI овозможува подобра економичност и помазно менување на брзините.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.