Дискретен фејслифт за BMW Series 2 Active и Gran Tourer – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Дискретен фејслифт за BMW Series 2 Active и Gran Tourer

Баварците подготвија освежување и за Серијата 2  – и тоа во двете нејзини изведби.


Измените кај фејслифтираните автомобили се дискретни, но сепак забележливи. Ќе препознаете поголеми „бубрези“ кои се карактеристични за BMW, поголеми отвори за воздух, LED светла за магла и редизајнирани предни и задни светлосни групи. Секако, има и други дискретни измени во предните и задни браници, но освен ако не се навистина добри познавачи на BMW, најверојатно нема да ги препознаете.

Дел од освежувањето се и нови бои, но и нови дизајни на алуминиумски тркала кои можат да бидат во димензии од 16 до 19 инчи. Новитет се и редизајнирани седишта во ентериерот, најновиот iDrive со BMW ConnectedServices, а кабината во двата модели сега е поориентирана кон возачот. Дел од новитетите е и нов, 7-брзински менувач со двојна спојка кој ќе се нуди покрај 6-брзинскиот мануелен менувач и 8-брзинскиот автоматски менувач.

Инженерите од BMW се фалат и со освежените мотори, кои нудат меѓу 109 и 231 коњска сила, а дел од понудата останува и 2-Series Active Tourer 225XE iPerformance плаг-ин хибридот кој нуди 224 коњски сили и 385 Nm вртежен момент. На хибридот му се потребни 6.7 секунди „до стотка“ и сега има автономија на електрична енергија од 45 километри – сосем доволно за дневните потреби на просечниот возач.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.