Сподели! ;)

Најбрзата и најмоќна Corvette на сите времиња доаѓа со 6.2-литарски компресорски V8 кој испорачува 755 коњски сили и 968 Nm вртежен момент кон задните тркала!

Новата Corvette ZR1 е самиот врв на понудата на Chevrolet – големиот, 6.2-литарски компресорски V8 бензинец испорачува 755 коњски сили и 968 Nm вртежен момент, кои се испорачуваат кон задните тркала преку 7-степен мануелен или 8-степен автоматски менувач. Не се потврдени сите детали, но од Chevrolet потврдија дека максималната брзина е „повисока од 337 километри на час.“

Corvette ZR1 добива агресивен бодикит со големи отвори за воздух (кои според нас, не изгледаат баш напривлечно, но барем се функционални) и многу додатоци од карбон. ZR1 ќе може да се нарача со два различни аеро-пакети – првиот е „стандардниот“ Low Wing пакет кој овозможува постигнување на максималната брзина, додека ZTK Performance пакетот додава преден сплитер и прилагодлив заден спојлер, како и Michelin Pilot Sport Cup 2 пневматици, доработена шасија и преработена суспензија.

Продажбата на Corvette ZR1 ќе започне следната пролет, а тогаш ќе бидат познати и цените.