Сподели! ;)

Audi ја претстави најновата генерација на својот супер-караван кој ја носи ознаката RS4 – и сега може да се пофали со дури 450 коњски сили!

Рецептот кој Audi го користи за своите RS модели е добро познат – моќен мотор, Quattro погон на сите четири тркала и експлозивни перформанси.

Токму тоа е приказната и со RS4. Под поклопецот се наоѓа 2.9-литарски твин-турбо V6 кој испорачува 450 коњски сили и 600 Nm вртежен момент, кои се пренесуваат преку S-Tronic менувач со двојна спојка кон сите четири тркала. Во превод, тоа значи „стотка“ за 4.1 секунда и електронски-ограничена максимална брзина од 250 километри на час.

RS4 ќе го препознаете по големите тркала, агресивниот спортски бодикит, овалните завршетоци на издувниот систем и дискретниот спојлер, а кабината добива ексклузивни седишта и многу RS додатоци кои се достапни само кај овие модели. Со желба да оддаде почит кон почетоците на RS Avant фамилијата, новиот RS4 е претставен во Nogaro Blue сина боја.