Сподели! ;)

Германскиот бренд го откри новиот член на R8 гамата – лимитираната RWS едиција која во превод означува „серија со заден погон“.

Новиот R8 RWS ќе биде достапен во Coupe и Spyder верзии, но доаѓа исклучиво со погон на задните тркала. Овој специјален модел е наменет за купувачите кои го ценат возачкото уживање и и даваат помала важност на брзината на тркачките патеки.

Силата доаѓа од 5.2-литарски атмосферски V10 бензинец кој произведува 540 кс и 540 Nm вртежен момент. Според Audi, моделот забрзува од 0-100 км/ч за 3.7 секунди, односно 0.3 секунди побавно од R8 V10 Quattro, и забрзува кон максималната брзина од 320 км/ч. Новиот Audi R8 RWS е 50 килограми полесен од стандардниот Quattro модел, и тежи вкупно 1590 килограми без возачот.

Од новиот R8 RWS ќе бидат произведени само 999 примероци.