Европските производители се обединија зад заедничка инфраструктура за електрични возила! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Европските производители се обединија зад заедничка инфраструктура за електрични возила!

BMW, Damiler AG, Ford и Volkswagen групацијата потпишаа меморандум за да изградат заедничка мрежа за ултра-брзо полнење на електрични возила, ширум автопатиштата низ Европа!

Заедничкиот настап на европските производители ќе резултира со моќна мрежа наменета за полнење на електрични возила ширум Европа. Целта на оваа мрежа е да го помогне патувањето на долги релации со електрични возила. Мрежата може да испорача до 350 kW, со што значително ќе го намали времето на полнење во споредба со постоечките системи.

Како што е објавено, во план е да се изградат дури 400 станици за полнење низ Европа. Мрежата ќе го користи Combined Charging System (CCS) стандардот кој користи конектор кој е целосно компатибилен со повеќето тековни и идни генерации на електрични возила. Ваквата соработка на европските производители означува навистина важен момент во прифатеноста на електричните возила бидејќи не само што ќе го олесни патувањето, ќе наметне стандард за полнење кој ќе мораат да го прифатат и другите производители, и ќе дојде до поширока прифатеност на електричните возила.

Меморандумот, кој во Келн го потпишаа BMW Group, Daimler AG, Ford Motor Company и Volkswagen Group (заедно со Audi и Porsche) означува старт на најмоќната мрежа за полнење во Европа. Целта е брзо да се изгради значителен број на станици за полнење. Градењето ќе започне во 2017, а иницијално се планираат околу 400 станици низ цела Европа. До 2020-тата година, купувачите би требало да имаат пристап до илјадници точки за брзо полнење, а меѓу најважното што е истакнато е дека полнењето би требало да е „со иста практичност како полнење гориво на конвенционалните бензински пумпи.“

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.